English
tikveslake2

Тиквешко езеро – дестинација за рекреација

Сместено на самото корито на Црна Река, 12 км југозападно од Каварци, односно 3 км јужно од селото Возарци, на надморска височина од 165 метри мирува Тиквешкото Езеро. Има конусна форма, а се претега во правецот север-југ. На север се граничи со вештачки создадената брана во близина на с. Возарци, на исток со атарите на населените места Брушани, Ресава, Бегниште и Куманичево, како и висорамнината Витачево; на запад се граничи со атарите на с. Добротино, Праведник и планината Вишешница, а на југ со Мрежичко и Клиново. Бреговите на Тиквешко Езеро се накитени со природни реткости и со споменици на култура.
(Најголемо вештачко езеро во Македонија. Температура на водата од 24 Целзиусови степени го прави Тиквешко Езеро погодна летна дестинација за разни видови спортови или за уживање во капењето. Археолошките локалитети во крајбрежниот појас, културно-историските споменици и важноста на зачувување на генетскиот фонд од орнитофауната, го прават Тиквешко Езеро интересна дестинација за истражување.

Езерото е создадено во 1968 година со преградување на кањонот на реката со брана висока 104 м, изградена од нафрлан камен со глинено јадро. Зафајќајќи површина од 14 квадратни километри со различна длабочина од 1 до 105 м, со максимална должина на езерото од 28 км и широчина од 700 м, Тиквешкото Езеро е најголемото вештачко езеро во Македонија. Водата од Тиквешкото Езеро се користи за наводнување и за добивање електрична енергија. Наводнувањето се врши преку хидросистемот „Тиквеш“, а во близина на браната е подигната истоимената хидроцентрала. Преку наводнувањето, езерото овозмои Тиквеш од најсушна област во државата да прерасне во зелена оаза на непрегледни плантажи под лозја и овоштарници. При поројни дождови езерото го зголемува водостојот, што може да доведе до излевање, а не ретко и до поплавување на околните живеалишта. Поголемо количество од водата во текот на летниот период се испушта во реката Вардар, со цел да не дојде до еколошка катастрофа на фауната поради нискиот водостој. Како главен извор на водата за полнење на Тиквешкото Езеро, пак, се Црна Река и реката Драгор. Еден од драгоцените украси на бреговите на езерото со културно-историска вредност е Полошкиот манастир со црквата посветена на свети Ѓорѓи. Езерското крајбрежје е и популарна дестинација за одмор и рекреација и по некое фрлање трска, на кое се изградени голем број викендицчки. Во Тиквешкото Езеро е утврдено присуство на повеќе видови риби, од кои достапни за риболовците се крапот, карашот, црвеноперката, кленот, бојникот, белвицата, мрената, перкијата, кострешот, како и еден вид сом. Иако е застапен само со еден вид од своето семејство, сомот се издвојува по своите карактеристики. Тиквешките сомови може да достигнат должина од над две метра. Оваа област е и природен резерват во кој љубителите на птици може да набљудуваат 23 вида птици-грабливки, што го прави едно од најважните орнитолошки места во Европа.

Рибарски легенци
Сте ја слушнале ли онаа тиквешка рибарска приказна што се пренесува со генерации за огромни рибиво Тиквешко Езеро кои голтале цели чамци заедно со луѓето во нив? Легенда или не, необичните риби на дното на езерото ги имаат забележано во поново време и нуркачки експедиции. Се претпоставува дека сомовите што живеат во Тиквешко Езеро се многу стари и со несвојствена големина, при што се верува дека најголемиот е колку кит. Сомовите се мрзливи суштества што претаат во песокот на дното, а на површина излегуваат само да ја отворат устата чекајќи нешто да влезе, па не е исклучено и да ја имате таа среќа да видите некој од овие водни ѕверови.