English
gradsko

Градско Стоби

Општина Градско е општина во Централна Македонија. Центар на општината е селото Градско.

Историja

Името на населбата Градско го има добиено од село Градско кое се наоѓа на оддалеченост од 2 km источно од новата населба, лоцирана на самата железничка пруга Солун – Градско. А пак самото село Градско своето име го има земено од античката населба Стоби оддалечна 3 km источно од селото. Во 518 година од нашата ера, по катастрофалниот земјотрес што ја зафатил Античка Македонија градот Стоби бил разрушен и опостушен. Поради тоа околното населние го нарекло Пуст Град, а тоа го прифатиле и жителите на селото Градско како име на своето село. Бидејки со време придавката Пуст одпаднала останало името Град кое подоцна се нарекло Градско.
Железничката пруга Солун – Скопје е изградена во периодот 1871 – 1873 година, време на владеењето на Турската империја со Македонија. Железничката пруга Солун – Скопје, по долината на реката Вардар минува покрај бројни населени места, села и градови кои постоеле, но единствено нова е населбата Градско. Населбата е подигната за време на градењето на жележничката пруга и жележничката станица градско и тоа како целосна нова населба. Затоа населбата, која е основана и изградена околу самата жележничка станица Градско, може да се рече дека е и нејзино чедо.