demir kapija

Демир Капија

Железна порта кон кралските вкусови
Демер Капија – мало градче на влезот во Демиркаписката Клисура

Во античкиот период ова гратче се споменува под името Стенос, што во превод значи теснина или клисура. Словенското име на населбата е Просек, а се споменува во 11 и 12 век. Денешното име Демир Капија го дале Турците, а значи – железна порта. Пронајдени се археолошки докази дека во минатото во близина на Демир Капија постоела населба уште од неолитот, а денес ова мало населено место живее главно од виното и за виното. Жителите на Демир Капија и на околните места, освен со лозарство, се занимаваат и со одгледување раноградинарски култури, посебно пиперки. Во близина на градот се наоѓа најстарата визба на Балканот. Може да се прошетате по околните винарници и визби. Во оваа област приказните главно се врзани за лозовите насади и, се разбира, за доброто вино.

Попова Кула
Пред доаѓањето на Османлиите на Балканот, местото наречено Попова Кула во близина на Демир Капија имало функција на патарина. Сите трговци што од југ оделе кон север и обратно морале токму на ова место да платат данок. Денес во Попова Кула се наоѓа една мала винарска визба што го има истото име. Цените во оваа винарница се пристапни, како на вината, така и во ресторанот што функционира во рамките на комплексот. Постојат и апартмани за ноќевање со разновидна тематика. Ова е одлично место за еднодневна прошетка и уживање во околината на Демир Капија, област што во текот на годината има меѓу 250 и 300 сончеви денови. Со оглед на многубројните археолоошки наоѓалишта во околината на Демир Капија, многу често може да видите стари предмети, садови оставени на најчудни места.

Вила Марија
Во 1927 година српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ во Македонија испратил експерти во потрага по исклучително плодна земја со цел да купи имот. Експертите како најповолна ја предложиле земјата во селото Бања, во близина на денешна Демир Капија, меѓу реките Бошава и Вардар. Кралот Александар во 1928 година за 2.000 лири го купил имотот од турските бегови Усни-бег и Мехмед-бег. Земјиштето имало површина од 2.700 хектари. На кралскиот имот почнало веднаш да се гради: управни и станбени објекти, простории за работниците на имотот, штала за крави, свињарник, работилници за поправка на машините… Била изградена и современа коњушница за одгледување коњи и тоа од расата липицанер. Освен сточарството и овоштарството, на имотот било развиено и градинарството. За управник на имотот кралот Александар Караѓорѓевиќ го поставил Милош Леовац, кој останал во Демир Капија до крајот на својот живот. Сепак, основната дејност на имотот било лозарството, а по наредба на кралот тука била направена винарска визба во која се произведувало најквалитетното црвено вино, наменето за потребите на кралскиот дворец во Белград. Капацитетот бил 150.000 литри вино, а за производство се употребувале четири скатлени базени проектирано во Австрија во кое грозјето ферментирало. Директно од Србија биле донесени дрвени бочви за вино со капацитет од 4.000 до 6.000 литри вино кое со синџири биле спуштени во визбата и оттогаш бичвите не се поместени од своето место. Кралот истовремено заповедал да се изгради и вилата „Марија“, посветена на неговата сопруга, а пред влезот на вилата биле поставени две статуи наречени каријатиди, кои биле изработени и составени во Романија. Тие биле симбол на младоста и убавината во античка Грција и биле ставани пред храмовите како нивни заштитници. Се тврди дека кралот никогаш не дошол да го види својот имот во Демир Капија, а според некои пишани сеќавања, тој сепак еднаш го посетил имотот во 1931 г. Српската кралица Марија, пак, го посетила имотот во 1934 година и тоа само на еден ден. Кралстокот семејство го оставило имотот на нивниот среден син Томислав, но во текот на Втората светска војна, во 1941 година германците ги пренеле сите коњи-липицанери. За настаните од тој период сведочи и куршумот останат во едно од дрвените буриња во визбата. Некој германски војник посакал да проба од виното, но кога видел дека бирето нема чеп, пукал во него, но дрвената бочва не попуштила. Имотот во Демир Капија бил кралски се до 1947 г. По војната, имотот бил национализиран. Денес тој е во сопственост на приватна фирма.

Кралската визба денес
Традицијата продолжува и историјата на кралската визба на Александар се негува и денес. Тоа подразбира производство на квалитетно вино на традиционален начин. Во употреба е истата опрема, која е функционална како и пред осум децении, но истовремено визбата има и најсовремена опрема и висока технологија. Од 2003 година имотот е под заштита на Управата за заштита на културно наследство, а комисијата на УНЕСКО ја стави вилата под закрила на оваа институција, во групацијата „Културните споменици во Југоисточна Европа“, во која свое место обезбедиле само неколку споменици од Македонија. Околу 90% од објектите на кралскиот имот се реставрирани, а во објектот во кој некогаш се чувало сеното, денес има две сали за дегустација на виното. Сопствениците планираат градење апартмани, кои ќе бидат отворени за посетителите кои сакаат да преноќат во кралската вила.