kavadarci

Кавадарци

Кавадарци се наоѓа во централна Македонија, поточно во Тиквешијата и е воедно и центар на Тиквешијата. Градот лежи на надморска восочина помеѓу 230 и 270 метри. Во него имаат влијание како Континенталната, така и медитералната клима, при што просечната годишна температура изнесува 13,5 С, (со летна температура преку 40 С, а зимската и до минус 25)
За потеклото на името Кавадарци постојат многу легенди, „најсакана“ е онаа за овчарот што си ја барал кравата, а научно гледано името доаѓа од новогрчкиот збор Кавадион – што значи скапоцена наметка. Кавадарци во пишани документи за првпат се споменува во 16-ти век. Но постоењето на многу манастири од 14-от, 15-от и 16-от век покажува дека населбата Кавадарче, Кавадарџик, Каварџик … постои од порано.
Првите световни училишта во Кавадаречко биле отворени во почетокот на 17-от век, во населбата Ваташа која денес е сврзана со градот Кавадарци била пренесена првата печатница на Балканот.

Во 1894 год. по иницијатива на Даме Груев е формиран комитет на ТМОРО кој е прв комитет во Македонија по Солунскиот. Од почетокот на 20от век во Кавадарчко и Тиквешијата делуваат неколку револуционерни организации кои се бореле за осамосталување на Македонија од Османлијската, а подоцна и од српската окупација. На 19.06.1913 година, било дигнато востание и за кратко време биле ослободени Кавадарци, Ваташа, Неготино и голем број на села во Тиквешијата. Но ова Тиквешко востание накрајот било задушено од српските окупатори и биле погубени околу 500 Тиквешани со што се забележува како најкрвавиот настан во историјата на овој регион. Во 1919 година е формирана кумунистичката партија во Тиквешкиот регион и во периодот до завршувањето на втората светска војна е главен носител на револуционерното движење. Во втората светска војна до ослободувањето на 07.09.1944год. Кавадарци даде 330 жртви од кој најболни останаа Дванаесетте Ваташки деца. Во најглупата војна од поново време – војните при распаѓањето на СФРЈ, Кавадарци и ако не вклучено директно во војните загуби свои синови како во Словенија така и во Хрватска.

Идеалните географско/метеоролошки услови овозможувале да Тиквешкиот регион се развива како земјоделски крај во кој се одгледуваат голем број на земјоделски култури. Во поново време се издвојува лозаропроизводството. Но тука исто така е добро познато тутунопроизводството (во периодот на шеесетите и седумдесетите години било произведувано и до 1’000’000 кг. тутун), а плантажите со афион и памук веќе се минато. Со изградбата на браната на Црна река, кај Возарци и создавањето на акумулационото езеро Тиквеш се оди во правец на развивање на земјоделството, а со изградбата на металуршкиот гигант ФЕ-НИ се уништува еколошки чистата средина и несвесно се работи на уништување на овој земјоделски крај.

превземено од
http://www.kavadarci.info/mk/index.html