English

Кале Бањичко

Кале Бањичко.
Овој палеонтолошки локалитет се наоѓа во близина на селото Бањица, општина Велес, на површина од 100 ха. Локалитетот претставува откриен геолошки профил на надморска височина од 840 м. Составен е од слоеви на седиментни карпи, кои содржат карактеристична и разновидна фосилна фауна од брахиоподи, орбитоидеси, школки, амонити и друго. Фосилното наоѓалиште е пронајдено од страна на екипата на Геолошкиот завод – Скопје, при геолошкото картирање извршено 1959 година.