English
Име Локација/Контакт Опис
 

 Кавадарци

 
Рудник Алшар   rudnikРудникот Алшар се наоѓа 40 км јужно од Кавадарци, во близина на селото Рожден крај Мајданска Река и е единствен по многу нешта во светот.Денешното име на рудникот е кратенка од првите букви на имињата на луѓето што управувале со него во првата половина на XX век – француското банкарско семејство Алатини и рударскиот инженер Шарто. Од 2004 година рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од „Емералд“, мрежа за заштита на природните реткости, зашто освен несомнените рудни богатства длабоко во почвата, во овој регион се наоѓаат и повеќе ендемични и ретки видови флора и фауна: арсенската и алшарската темјанушка, зимзелената молика, ретки видови речни ракови, како и еден подвид на човечка рипка, за која се сметало дека се наоѓа само во словенечката пештера Постојна.Во Алшар досега се регистрирани десетици видови минерали, од кои дури седум ги има само во Македонија. Во 250.000 тони руда се содржат 2% арсен, 2,5% антимон и 0,1% талиум, што го прави рудникот најбогато и единствено наоѓалиште на талиум во светот, кој се користи за вселенски истражувања и во телекомуникациските технологии. Посебен и најзначаен раритет во Алшар е лорандитот, минерал на талиумот. За првпат лорандитот бил научно опишан во 1894 година.
Како единствен природен детектор на сончевото неутрино, најмалата досега позната честичка, проѕирно-црвениот минерал лорандит е од посебен интерес за светската наука во фундаменталните истражувања на откривање на неговата улога низ експерименти со лабораториско вештачко сонце, со што би се следеле термонуклеарните реакции. Со овие истражувања се очекува да се покаже како се создава енергијата на сонцето и врз таа база да се создаде нов моќен енергетски извор, соодветен на оној од Сонцето. Ова значи дека би можело да се произведуваат т.н. мали сонца, што би ги замениле атомските централи, а не би биле радиоактивни. За лорандитот голем интерес пројавиле НАСА, како и врвни научни институти од Австрија, Германија, Јапонија. Лорандитот во помали количества се наоѓа и во САД и Кина, но во македонскиот Алшар го има најмногу и во најчиста форма.

Легендите велат дека Алшар ја крие тајната на непобедливоста на фалангата на Александар Македонски. Имено, војската го користела аурипигментот за да ги премачкува своите штитови. На сонце тие давале силен блесок, со што ја заслепувале противничката војска. Затоа, Александар секогаш се борел дење и успевал и со помалобројна војска да победи многу посилни противници. Во историските записи од османлискиот период, пак, стои дека 30% од приходите на султанот од Македонија доаѓале од арсеновата руда од Алшар. Според сегашната берзанска цена на талиумот, неговите резерви во Алшар чинат околу 2 милијарди евра.

превземено од

http://makedonskibiser.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1176:2010-06-14-22-36-21&catid=168:2009-08-26-13-19-34&Itemid=332&lang=en

локалитет “Пешково ридче”   Лоциран е на околу 1,5 км северо – западно од село Ресава-кавадаречко, на брегот на тиквешкото езеро, 500 метри од пумпата на “Фени”, и околу 800 метри северо-источно од археолошкиот локалитет ”Тиквеш” или познат како “Градот”. Евидентиран е во археолошката карта, Кавадарци како мала римска некропола која припаѓа на отворена населба лоцирана западно, денес под водите на Тиквешкото езеро.
локалитет ”Градиште”   Gradiste kavadarciСе наоѓа непосредно до селото Глишиќ од северната страна на голема површина.Во лозјата на повеќе лица од с. Глишиќ евидентиран е многуброен фрагментиран археолошки материјал од римска и хеленистичка керамика, фрагменти од питоси и градежен материјал кои укажуваат на значаен локалитет со долга континуирана културна стратиграфија.
локалитет ”Градот”   Се наоѓа непосредно до селото Глишиќ од северната страна на голема површина. Во лозјата на повеќе лица од с. Глишиќ евидентиран е многуброен фрагментиран археолошки материјал од римска и хеленистичка керамика, фрагменти од питоси и градежен материјал кои укажуваат на значаен локалитет со долга континуирана културна стратиграфија.
локалитет “Танко Патче”   На левиот брег на р.”Луда Мара”, наспроти селото Глишиќ откриени се остатоци кои укажуваат на доцно римска населба.
локалитет “Белград”   Се наоѓа на околу 6 км. источно од Кавадарци е евидентирано интензивно присуство на градежен и керамичен материјал од доцно антички период. Локалитетот има поглед кон запад и визуелна врска со лок. “Градиште”,с.Глишиќ.
локалитет “Св.Атанас”   Sv.-AtanasСеверо-западно од селото Конопиште на нагласен рид,интересен фонд на доцно античка керамика. По археолошките ископувања на овој локалитет се согледани контури на ранохристијанска базилика. 
локалитет “Сува Чешма”   Југоисточно од селото Марена на околу 3 км. во реонот на чешмата на површина од 10 декари, забележана е римска керамика, питоси, рачници, тегули, гредежен материјал, камени плочи и др.
локалитет “Руен”   Северо-западно од селото Мрзен Ораовец, на околу 3,5 км. каде што претпријатието “Фени” – одделение за неметали извршува истражување на мермерот. Месноста позната е и по името “Марков стап”, а и како Мајдан “Стоби”.Забележани се столбови како финални и полуфинални производи на овој мајден.
локалитет “Св. Илија”   “Оливара” – Во дворот и црквата (чесна трпеза и надвратникот), сместена е маса архитектонскаи сакрална доцно римска пластика.Се претпоставува дека поткнуваат од лок. Оливара кој се наоѓа во реонот на црквата, каде се пронајдени фрагменти од керамика, питоси нумизматички материјал со изразито доцно антички карактеристики.
локалитет “Моклишко Кале”   Комплексен локалитет каде доминира фортификација, праисториска населба, како и рано византиски сакрален објект во реон на постоечкиот манастир.
локалитет “Чаковец”   Во реонот на селото Ресава констатирани се остатоци од праисториска керамика, извршени се археолошки ископувања кои укажаа на значајна неолитска населба.
локалитет “Вршник”   “Дукена” – Од западната страна во близина на селото Сопот на поголема површина од страна на селаните се наоѓани фрагментирани археолошки наоди, според што се смета дека се работи за поголема доцно античка населба.
 

Неготино 

 
Градиште  

Археолошкиот локалитет Градиште во науката за прв пат се споменува во 1924 година во записите на Никола Вулиќ. На самиот локалитет досега се констатирани траги од живот низ целата антика. Неговата важност за науката е е голема токму поради тезата дека овде се наоѓа античкиот град Антигонеа. Поради добиените податоци од Табула Појтингеријана, во кои стои дека античкиот град Стоби е оддалечен од Антигонеа XII римски милји (18 км), дел од врвните македонски, а и светски научници речиси еден век полемизираат околу локацијата на овој антички град, кој е подигнат од страна на претпоследниот македонски крал Филип V, а името го добил по неговиот вујко Антигон.
Археолошкиот локалитет Градиште претставува доминантно доцноримско градиште/кастел. Со досегашните истражувања на овој локалитет се пронајдени голем број на археолошки наоди, претжно од керамика, метал и стакло. Нивниот број се движи од 150-200 археолошки артефакти над кои е извршена неоходната заштита и конзервација. Станува збор за керамички садови од кои поголемиот дел можат да се реконструираат. Теракотни фигури со претстави на кибела, хеленистичка локална и импортирана керамика и кунска керамика, потоа метален накит, орудија и оружје, стаклени предмети и друго. На локалитетот при истражувањата се пронајдени и над 70 монети, кои се конзервирани и заштитени. Еден дел од археолошкиот материјал е конзервиран во Музејот на град Неготино, а еден дел во конзерваторската работилница на Музејот на Македонија.

Со досегашните истражувања ископан е бедем во должина од 150 метри, а со последните сондажни археолошки истражувања е потврдено дека локалитетот претставува населба (акропола), која се наоѓа на вкупна површина од 3 хектари. Населбата е целосно окружена со бедем, констатирана е влезната порта на акрополата, а притоа се дефинирани три временски периоди во делот на населбата и тоа македонски, хелинистички и римски. Исто така, контатирани се архитектонски објекти во делот на предградието, а исто така покрај некрополата во јужниот дел постои и некропола на северозападниот дел. Преку подвиниот археолошки материјал може да се констатире дека најстарите наоди се од VIII век п.н.е., па се до доцно римскиот период, односно 3 век од н.е. Преку истражувањата може да се потврди дека поголемиот дел од керамиката е локална изработка, а еден дел е импортиран од Мегара. Исто така во горните слоеви има големо количество на фрагментирана римска керамика (tera sigilata), од кој еден дел е со локално потекло, а друг дел е импорт.

Чаир рид    Во селото Тремник, близу Неготино, на секој чекор има археолошки наоѓалишта. Сигурно ќе се добијат многу значајни податоци за далечното минато на овие простори бидејќо се прават истражувањата на локалитетот Градиште – Чаир Рид, во селото Тремник близу Неготино.Станува збор за огромен локалитет кој временски е лоциран од 8 век пред нашата ера до 4 век од нашата ера. Населба со некропола и сите други обележја, многу малку е истражена. Можеби ќе се потврдат претпоставки дека Градиште е една од можните локации на некогашниот хеленистички град Антигонеа, основан од Антигон Гонат, кој датира од вториот век пред нашата ера.По истражувањето на римската некропола, сега се работи во “керамичарскиот кварт”. Се доистражуваат и санираат три печки кои служеле за печење на садови од керамика, во југозападното плато на локалитетот. Во моментот се прави документација, а ќе следи и конзервација на печките. Тоа значи дека станува збор за значаен центар каде се произведувале печки за населбата, но и за околината. Локалитетот Чаир Рид не е непознат за научната јавност. Се спомнува во делата на некои еминентни научници од областа на археологијата.
 

Демир Капија 

 
Доушница   Археолошки локалитет
 

Градско 

 
Стоби   Античкиот град Стоби се наоѓа во близина на Градско, меѓу Велес и Неготино. Овој град се наоѓал на територијата на старо-македонското племе Пајонци, кое во времето на Филип ИИ било во состав на македонската држава. Уште од тој период, градот Стоби бил важен стратешки воен центар, но и значаен културен, трговски и сообраќаен центар. Овој свој статус Стоби го задржал и за време на Римската Империја, кога го доживеал својот најголем развој. Во 386 година Стоби станал главен град на провинцијата Македонија Салутарис. Христијанството рано се јавило во овој град. До 8 век Стоби бил седиште на епископија. Урбаниот дел на стариот град Стоби се наоѓа на три тераси кои се спуштаат кон Црна Река и кои се опкружени со ѕидови, на утоката на Црна во Вардар. Познато е дека тука минувале главните патишта што ги поврзувале областите на Дунав со медитеранските земји. По овој главен пат на Балканскиот Полуостров навлегувале и културните влијанија од југ кон север и обратно. Црна Река, од друга страна, претставувала природен пат што ги поврзувал централните области на Македонија со Јадранското Море. Во римскиот период по текот на Црна Река водел значаен пат, што го поврзувал Стоби со Виа Егнатија кај Хераклеја Линкестидска, близу до денешна Битола. Така, градот Стоби зафаќал значајна стратегиска, воена и трговска позиција во античкиот период.  Во урбаниот комплекс се наоѓаат повеќе откриени објекти и градби како што се: епископска резиденција, полукружен плоштад, театар, синагога, куќа на псалмите, голема бања и други објекти кои се значаен печат на времето и на минатото.
Абдови Карпи   Населба од римско време, се наоѓа на 3 км западно од
селото, на левиот брег на Виничанска Река
 

Чашка

 
Капиново-Коњарник Чашка Населба – Римски период
Мрамор Чашка Во непосредна близина на населба Чашка на археолошкиот локалитет “Мрамор” која потекнува од неолотско време пронајдена е топчеста флејта, стара 6000 години. Датира од неолитскиот период (стара е околу 6000 години). Изработена е од теракота и е пронајдена во 1989 г на археолошкиот локалитет Чашка, Мрамор, Велес. Ова е и единствен ваков инструмент пронајден во Европа. Окарината и покрај староста е сеуште функционална и на неа може да се свири.
Сретсело Чашка Некропола – Среден век
Сулинар Чашка локалитет од Римски период. Локацијата претставува населба во која се откриени ранохристијански гробови на кои се наоѓаат религиозни симболи.
Манастир Чашка Архелолошка локација – некропола која датира од периодот на доцна бронза-рано железно време. На локалитетот е пронајдена целосно сочувана некропола со богати гробни прилози.
Тупана Чашка Некропола – Римско време. На локалитетот е пронајдена вотивна плоча со претстава на Артемида/ Хеката меѓу Диоскурите
Керамидница-Црна Круша Чашка Археолошкиот локалитет од римски период на кој е откриена населба и некропола. При истражувањата е пронајдена мермерна статуа на маж во природна големина
Бањичко Кале Бањица Овој палеонтолошки локалитет се наоѓа во близина на селото Бањица, општина Велес, на површина од 100 ха. Локалитетот претставува откриен геолошки профил на надморска височина од 840 м. Составен е од слоеви на седиментни карпи, кои содржат карактеристична и разновидна фосилна фауна од брахиоподи, орбитоидеси, школки, амонити и друго. Фосилното наоѓалиште е пронајдено од страна на екипата на Геолошкиот завод – Скопје, при геолошкото картирање извршено 1959 година.   
Глаучица Бањица Утврдена населба – Римски период
Јасеново Владиловци Некропола – Римски период
Стара црква Владиловци Населба и некропола – Доцна антика и Среден век
Србница Крнино Населба и некропола – Римски период
Гробница-Голема Нива Смиловци Некропола – Римски период
Старо Село Смиловци Населба и некропола – Среден век
Дрмата Дреново Населба – Доцна антика
Попови Ниви Дреново Некропола – Доцна антика
Дабје Еловец Локалитетот Дабје се наоѓа на еден километар југозападно од селото Еловец на блага падина крај патот Чашка -Лисиче. Станува збор за населба од доцноантичко време. Локалитетот е евидентиран во 1980 година.
Мери Еловец Населба и некропола – Доцна антика
Скривница Еловец Населба – Доцна антика
Грамаѓе Извор Населба – Доцна антика
Ѕунивер Извор zuniver_02zuniver_03zuniver_04Во атарот на село Извор, на десниот брег на реката Изворчица, се простира археолошкиот локалитет „Ѕунивер“. Досегашните археолошки истражувања покажаа дека се работи за неолитска населба која брзо се развивала благодарение на идеалната местоположба. На локалитетот се откриени куќи со дрвена конструкција, испреплетени со прачки, облепени со глина од кои биле градени и покривните конструкции.
Центарално место во откриените објекти имало огништето и печката околу кои се одвивал секојдневниот живот. При археолошките истражувања окриени се глинени садови и други предмети што се користеле за различни потреби.
Во аголот на неолиската куќа доминира олтарот и предметите со кој се почитувале домашните култови и се изведувале религиозни обреди. Пронајдените животински коски, околу куќите во населбата, укажуваат дека жителите се занимавале со сточарство и земјоделство. Од пронајдениот движен археолошки материјал се дознава дека жителите на населбата покрај садови од глина изработувале и ткаенини и обработки од кожа. Пронaјдени се тегови за разбоите, пршлени, како и коскени шила.
Помеѓу археолошките откритија од населбата, во музејската постановка на музејот во Велес, доминираат и предметите од камен и кремен што жителите на населбата ги коиристеле како орудија и алати. Археолошките истражувања открија и накит изрботен од коски, полудраг камен, школки и печена глина. Во пронајдените остатоци од населбата особено се карактеристични оние што укажуваат на големото значење на духовните ритуали во сите клучни моменти од животот во населбата. Според податоците од теренот, населбата опстојувала во периодот на доцниот неолит, а била целосно напуштена по неколку опожарувања.
Оџовница Извор Населба – Римски период
Стара црква Извор Населба со некропола – Римски период и среден век
Горно Село Нежилово Топилница и старохристијанска црква – Доцна антика
Јаричишта Ораов дол Населба – Римски период
Кале – Градиште Крива Круша Градиште – Римски период
Манастириште Раковец Населба – Доцна антика
Големи Баби Голозинци Населба – Римски период
Ридот Голозинци Населба – неолит
Поповица Габровник Населба – Римски период
Градиште Крајници Градиште – Дицна антика
Манастирче Крајници Некропола – Римски период
Мрамор Крајници Населба – Доцна антика
Припор Крајници Населба – Среден век
Сувак Крајници Некропола – Римски период
Иваница Лисиче Населба – Римски период
Гробови – Подвис Мартолци Некропола – Римски период
Кале – Градиште Бусилци Градиште – Доцна антика
Марково Кале Теово Градиште – Доцна антикаMarkovo kale
Ивановски маало Богомила Населба – Доцна антика
Кале Стари Град Населба и некропола – Енеолит, Хеленистико-римски период и Среден Век
Врчва Отиштино Населба – Римски период
Латински Гробишта Отиштино Некропола – Среден век
Тумба Отиштино Тумул – Железно време
Обрамос Војница Населба – Римски период
Ритчиња Војница Населба – Римски период