English
Име Адреса/Контакт Опис

Чашка 

Џамија-1944 година, Партизанска болница с.Горно Врановци Во село Г.Врановци на селската џамија поставена е спомен плоча со што е обележан објектот кој бил користен за сместување на ранети и болни борци т.е. главната болница на НОВ и ПОМ. Во почетокот болницата располагала со многу мал број на лица и помошен материјал. Покасно по екипирањето биле задоволени потребите на болницата, во која работеле три одделенија (хирушко, интерно и заразно). Покрај ова во болницата постоеле и помошни одделенија за исхрана, шиење, перење и др. Оваа болница одиграла
значајна улога во згрижувањето на болните и ранетите.Располагала со многу мал број на лица и помошен материјал.