English
Име Адреса/Контакт Опис

Неготино 

Галерија на Виното ул. “Маршал Тито” бр: 119тел: 043/361-712 galeriiВо рамките на својата надлежност Музејот на град Неготино ја вклучува и новоизградената Галерија на виното, прва од ваков вид во Република Македонија.Галеријата на виното е лоцирана е во комплексот на манастирот“Св.Ѓорѓи”.

Богатата традиција во одгледувањето на виновата лоза и производсвото на вино се најкарактеристичните обележја на ова поднебје. Постои огромен број на археолошки наоди и етнолошки предмети поврзани со лозарството и винарството кои што сега во Галеријата на виното можат да се понудат и промовираат на едно место, со цел да бидат што подостапни за оние кои што сакаат да ги видат.
Основната намена на објектот е заштита на културно –историското наследство со акцент на заштитата на артефактите поврзани со лозарството и винарството, како основен белег на ова поднебје.
Покрај основната, Галеријата на виното има и посебна намена манифестирана во изложбено–продажниот дел кој ги содржи најквалитетните сортни вина, произведени во нашите познати винарии.
Локални бизнис партнери кои ги имаат изложено своите високо – квалитетни вина во изложбениот дел од галеријата се винариите:

- В.В. ПОВАРДАРИЕ
- Винарија БОВИН
- Винарија ПИВКА
- Винарија ДУДИН
- Винарија ФОНКО
- Винарија ЃОРЧЕВ
- А.Д. ВЕНЕЦ – Долни Дисан
- Винарија ЕЛЕНОВИ – Демир Капија
- Винарија ПОПОВА КУЛА – Демир Капија

превземено од

http://www.negotino.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=15%3A-e-&catid=8%3A2009-06-11-14-16-54&Itemid=95&lang=mk

Арт М Галерија Ул. Даме Груев ббТел: 043 371 081 galerija1Уметничката Галерија „Арт М“Уметничката галерија „Арт М“ во рамките на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино постои од 2008 год. Во работата на оваа галерија се вклучени и двајца реномирани уметници – професори, кои се одговорни за изборот на ликовните уметници кои ќе имаат можност за промоција на своето творештво преку самостојни изложби.

Целта на оваа галерија е граѓаните од нашиот град и од регионот да се запознаат со вистинската уметност, како еден од начините за “борба”против шундот, преку творештвото на реномирани уметници од Македонија и странство.
Галеријата за краток период има организирано 5 изложби на дела на наши познати уметници, од кои најпознато име е Мирослав Масин.

превземено од

http://www.negotino.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=14%3A2009-06-11-13-31-01&catid=8%3A2009-06-11-14-16-54&Itemid=95&lang=mk