English
Име Адреса/Контакт Опис
 

Велес

 
Манастир Свети Димитрија Димко Најдов б.б.
Тел: (043) 233 747
Sv. DimitrijaМанастирот Свети Димитрија е сместен на околу два километра јужно од градот.

 

Тој бил изграден во 14 век и затрупан во времето на османлиското владеење. Манастирот, посветен на Пресвета Богородица, бил затрупан 469 години, а неговиот денешен изглед датира од 1855 година. При раскопувањето на манастирот откриен е споменик на камена плоча кој датира од 14 век. Според архитектурата, се смета дека манастирот потекнува од српскиот период. Црквата е еднокорабна со тристрана апсида однадвор и нартекс од западната страна каде што се издигнува кула со камбанарија. По падините на висорамнината, кои се спуштаат кон манастирот, се среќаваат урнатини, остатоци од стариот пајонски град Вила Зора, кој се споменува во 3 век пред Христа.

Манастир Свети Јован Крстител   Sv. Jovan Krstitel VelsМанастирот Свети Јован Крстител се наоѓа на 25 км северно од Велес во близина на патот кон Скопје, на падините под селото Ветерско.Се претпоставува дека манастирот е изграден во 1670 година. Според написите на големиот македонски преродбеник Јордан Хаџи Константинов – Џинот, овој сакрален објект во средината на 19 век, поседувал голема библиотека со ракописии, печатени книги што укажува дека во манастирот престојувале монаси кои препишувале црковни текстови, собирале ракописи и укоричувале книги што се користеле за културно и просветно издигнување на самите калуѓери и месното население.
 

Кавадарци 

 
Св.Никола нас.Моклиште б.б.
(043) 800 178

Свети Никола позната и како Маркова црква птреставува пештерна црква која се наоѓа на околу 1.5 км. југозападно од кавадаречкото село Драдња. Таа се наоѓа во стрмен и карпест предел, во сува пештера со длабочина од околу 20 метри, висока околу 9 метри, која наликува на готска катедрала. Оваа црква е двоспратна и се состои од приземен дел кој служел за поминување, и кат – просторот на црквата – капела, на кој се искачувало преку дрвени скали од внатрешната страна на пештерата. Влезниот дел е висок околу 125 см. По својата архитектонска концепција црквата е еднокорабна градба, ѕидана од камен со различни големини и форми, делумно клесани. Покрај обичен, користен е и камен бигор – за засведување на кровната – сводна конструкција и плитките ниши. Како сврзно средство при градењето е користен варов малтер. Пропорциите на објектот се доста интересни односно ширината на црквата се состои два пати во должината, а три пати во висината. Со ова храмот има пропорции на тесни, високи еднокорабни цркви на источното христијанско градителство. Живописот е изведен во приземјето и катот. Иконографската програма е сведена според димензиите на црквата. Според досегашните проучувања се смета дека црквата е изградена и живописана во XIV век

 

Неготино 

 
Св.Ѓорѓи (043) 360 091 Sv. NikolaМанастирот Св. Ѓорѓи се наоѓа кај Неготино, Македонија. Манастирот бил изграден во 1960 година на месноста наречена “Црквиште” во непосредна близина на реката Вардар. Манастирот се наоѓа на десниот брег на реката Вардар, каде што брегот во блага угорница се издигнува околу 100 метри над нивото на реката, а на највисокиот дел е изграден манастирот кој со својата околина, и нарочито широк поглед, се шири на североисток каде се протега коритото на реката Вардар и Пепелишкото поле па се до сртот на планината Серта.
Конаците на манастирот биле изградени нешто подоцна од изградбата на црквата св. Ѓорѓи која е во склоп на манастирот, или поточно биле изградени при градбата на железничката пруга Скопје – Солун, а нив ги изградил инжинер по народност Пољак. Тој го подигнал конакот и првобитната цел и намена на конаците била за сместување на работниците кои работеле на пругата. По неколку години била пуштена пругата во сообраќај, а тоа било во август, 1873 год. кога и конаците ја завршиле својаата првобитна функција и намена, и истите биле подарени на црквата св. Ѓорѓи.
Старите конаци кои биле изградени од слаб градежен материјал, дрво, плет, тули и кал, се целосно обновени, кога 1978-80 г. на местото на старите конаци биле изградени нови, од тврд матерјал со тенденција да се запази старата архитектура. Конаците имаат приземје и спрат, и располагаат со голем број на простории. Источната страна на конаците, која претставува и лице на објектот е свртен кон црквата и се наоѓа на едно повисоко издигнато плато. Таа страна е целосно поврзана со чардаци и издадени балкони изработени во армиран бетон, од кој се шири поглед кон реката Вардар. Исто така, и конаците од јужната страна се реновирани од тврд материјал и претставуваат една целина сите заедно

Sv. Gjorgji

 

 

Чашка 

 
Св. Атанасиј с.Старавина OLYMPUS DIGITAL CAMERAМанастирот е изграден кон 1860 година на Старавинско Тумбе

Конак во Манастирот Св Спас –Мокрени   Sveti SpasОпколен со бука и папрат, во мир и тишина, како во швајцарските алпи, гостите не можат а да не заминат презадоволни.На располагање има 20 кревети, кујна, трпезарија, купатило и санитарен јазол. Околу домот има предупредување, дека во околната шума има дивеч. мечки, волци, диви свињи но и срни, верверички, но досега ниту еден гостин не ги видел. Овој објект пред 10-тина години е реновиран со средства од „Макпетрол“ и за јавноста е познат под тоа име.
Денес, во склоп на конакот се наоѓа и апартманот на Агата Анѓел, Митрпоплитот Повардарски .
Манастир Св. Архангел Михаил во село Теово с. Теово Sv. Arhangel MihailВо селото Теово се наоѓа манастирот Св. Архангел Михаил. Тој е отворен секој ден и поради својата убавина и местоположба, претставува идеално место за одмор,како во летниот така и во зимскиот период. Манастирот има конаци и камбанарија во четири нивоа и во неговиот состав има просторија за венчавање и крштевање, комплет опремена кујна, трпезарија и седум соби со капацитет од 20 легла.
Манастир Пресвета Богородица Согле с. Согле Sv. Presveta BogodoricaВо близина на селото Согле на оддалеченост од 3 км е сместен манастирот Св. Богородица изграден 1836 од страна на месното население, од околните села а учествувале и припадници од муслиманска вероисповест.Манастирот располага со конаци, комплет опремена кујна и 14 соби за престој и нуди услови за одмор и рекреација. Во тек е изградбата на новите конаци.
Манастир Свети Никола Оморани   Sveti NikolaОд населеното место Оморани до Манстирот е 4 км. Во склоп на манастирот има конаци, трпезарија и 3 соби.Во јуни е славата каде идат православните посетители и уживаат во убавините. Сместен е во дабова шума.