English
 

Велес 

 
Народен музеј ул. Маршал Тито бр.22(043) 231 434 Naroden muzej velesОбјектот со специфична градска архитектура што го краси центарот на Велес, е седиште на велешката историја и култура. Овој прв повоен музеј во Македонија е отворен во далечната 1946 година. Сите посетители секој ден од 8-12 и од 16 до 20 часот имаат можност да ги видат вредните експонати изложени во археолошкото, историското, етнолошкото и одделението за историја на уметноста. Музејот располага со околу 3000 експонати од кои во постановките се изложени 1000. Особен интерес привлекува етнолошкото одделение каде се изложени раскошни градски и селски носии како и ентериери уредени според старата велешка архитектура. Интерес привлекуваат и останатите поставки, особено археолошкото одделение кое изобилува со експонати пронајдени на археолошките локалитети во регионот на Велес. Народниот музеј располага и со три спомен куќи, меморијален комплекс во село Горно Врановци и спомен костурница. Во рамките на стратегијата за развој музејот предвидува отворање и на палеонтолошко одделение во кое ќе бидат конзервирани експонати од времето на палеолитот со кои изобилува регионот на Велес.
 

Кавадарци 

 
Музеј галерија – Кавадарци Ул.7-ми Септември бр: 58043 413 470 Muzej - Galerija KavadarciМузеј галеријата е основана во 1973 година, а со работа отпочнува 1976 година и тоа токму со отворањето на ликовната изложба на словенечкиот автор, академски сликар Марио Вилхар од Љубљана.
 

Свети Николе 

 
Народен Музеј – Свети Николе Плоштад Илинден бр.18
(032) 440 063;
(032) 443 610
 Naroden Muzej - Sveti Nikole Зградата   во  која  е  сместена  ОУ  Народен  Музеј  Свети  Николе  е  изградена   во  неокласичен стил во периодот  1924-1926  година . Целосно реновираниот и заштитен како споменик на културата на Р.Македонија, музејот е свечено даден на употреба, во 25 Август 2002 год.Музејот  ги  содржи, следните постојјани поставки:   археолошка,  етнолошка,  лапидариумот, историска  и   просторот  за  повремени  изложби (ликовни,  фотодокументарни,  историски,  етнолошки  и  др.).
 

Неготино 

 
Музеј на град Неготино Маршал Тито 119
(043) 361 712
Muzej na grad NegotinoЛокалната установа Музеј на град Неготино е основана во 1978 година како општ музеј. Од овој период па до денес, установата работи без прекин и е надлежна за заштита, чување и промоција на културно – историското наследство на поширокото подрачје на Неготино, Демир Капија и нивните околини.
Првата изложба била организирана во 1978 година и содржела материјали од ликовното творештво на познатиот ликовен уметник Димче Протуѓер.
 

Демир Капија 

 
Музејот на вино  Плоштад Илинден бр.18(032) 440 063 Muzej na grad NegotinoНа 120 квадратни метри се уредуваат две музејски поставки. Едната поставка е археолошка, бидејќи огромен е бројот на археолошки наоѓалишта, велат од општината. Другата поставка е музејот на виното.Секој експонат е приказна за себе, а некои од странските гости кои го посетија Музејот на виното проценија дека колекцијата вреди околу 250.000 евра. Меѓу експонатите е послужавникот со српски вез од средниот век, како и уникатно дрвено буре од винарската визба на кралот Александар Караѓорѓевиќ.Со еден збор во музејот може да погледнете артефакти од сите периоди откако постојат населби на овој простор, поточно, ќе можете да ја насетите културата на конзумирање вино од дамнина, до денес.