English

Велес

Спомен куќа на Кочо Рацин Куќата на еден од најголемите поети во периодот помеѓу двете светски војни Коста Солев – Рацин во 1962 година е целосно реставрирана. Приземјето е изградено од камен, на катот доминира фасада со бела боја, а покривот е висок и покриен со керамиди. Двокрилна порта од дрво води во тремот решен како мал простор кој ги спојува катот, фурната, чардаците и грнчарската работилница. Работилницата има голема површина, а во нејзинот под има мала скривница. Чардакот на куќата е споен со фурната. На спротивниот крај чардакот со скали води кон повисок чардак. Во спомен куќата на Рацин денеска се наоѓаат негови оригинални ракописи и голем број други спомени за неговиот живот и дело.
Спомен куќа на Васил Главинов Спомен куќата на првиот пропагатор на социјалистичките идеи во Македонија Васил Главинов, денес е музеј посветен на неговиот живот и дело. Куќата се смета за еден од најубавите белези на старатa велешка архитектура. На првиот кат од куќата се наоѓа чардакот кој од левата страна продолжува во гостинска одаја. Од десната страна на чардакот има две други простории. Гостинската одаја има врата со правилна форма. Прозорците се со хоризонтални и вертикални пречки, а завршуваат во баркона форма. На вториот кат се наоѓа чардак со неправилна форма.
Спомен куќа на Јордан Хаџи-Константинов Џинот Куќата на еден од најзначајните македонски просветители и преродбеници Јордан Хаџи Константинов-Џинот е изградена на левата страна на реката Вардар, во велешкиот сокак. Куќата се одликува со специфична сатроградска архитектура во која доминираат ѕидови од кршен камен, жолта фасада, дрвени столбови и дрвена ограда со тобозани. Чардакот е динамичен, на три нивоа и во квадратна форма се надвиснува над високиот камен. Поради специфичната староградска архитектура и историското значење на куќата на еден од најголемите преродбеници, Министерството за култура и Заводот за заштита на спомениците на културата оваа куќа ја прогласија за споменик на културата. Општина Велес тековно работи на реставрација на куќата која ќе биде претворена во спомен музеј посветен на животот и делото на Јордан Хаџи Константинов-Џинот.
Спомен костурница Импозантниот споменик изграден во 1979 година веднаш над влезот во Велес, од неговата десна страна, е вечен дом на стотина велешки борци кои во втората светска војна загинаа за остварување на вековниот сон за слобода на македонскиот народ. Споменикот, изграден во форма на aфионов цвет е дело на академскиот вајар Љубомир Денковиќ и архитектoт Саво Суботин од Србија и Црна гора. Во централниот дел на внатрешноста е поставен симболот на слободата во форма на расцветано дрво, додека по сите страни од ѕидовите е распослан најголемиот мозаичен комплекс во Македонија, дело на академскиот сликар Петар Мазев. На вкупна површина од 220 м2, преку една композиција составена од пет слики, авторот ја насликал историјата на македонскиот народ од Илинденската епопеја преку социјалните превривања меѓу двете светски војни,периодот на народно ослободителната војна и сенародното востание, се до победата над фашистичкиот окупатор, повоената изградба на Македонија и слободата како врвна придобивка. Мозаикот е направен од природен и вештачки камен од венецијанска паста, во повеќе бои, преку кои едни од други се одвојуваат симболите и формите.
Споменици на Кочо Рацин Во чест на патронот на велешката Гимназија, во 1968 година на Кочо Солев Рацин во неговиот роден град за прв пат му е поставен споменик. Споменикот е дело на академскиот вајар Димко Тодоровски кој преку преку надприродната големина на фигурата на Рацин направил обид за? претставување на големината на македонскиот народ. Изработен е од глина и излиен во бронза. Традиционално пред него секоја година во Велес започнува меѓународната средбата на поетите посветена на делото на ненадминливиот поет и револуционер.
споменик на Рацин во центарот на градот И во центарот на Велес, наспроти градскиот саат се издига споменик на основоположникот на современата македонска поезија Кочо Солев Рацин. Споменикот поставен во 2002 година е дело на акдемик Томе Серафимовски. Висок е 2,80 метри и тежок 500 килограми. Фигурата на Рацин е излеана во бронза. Споменикот е донација на македонскиот бизнисмен Трифун Костовски.
Споменик на Гемиџиите На левиот брег на реката Вардар, на уредено плато на кејот се издига споменикот посветен на Гемиџиите. Споменикот е поставен во чест на големиот јубилеј „100 години Илинденско востание – 100 години македонска државност“. Импозантниот споменик висок 6,5 метри, претставува сплет од 12 зраци што ги симболизираат дванаесетмината Гемиџии, кои во предвечерјето на Илинденското востание ги извршија познатите Солунски атентати, во обид да го свртат вниманието на Европа кон македонското прашање. Споменикот е дело на академскиот скулптор Станко Павлевски. Крај споменикот е поставена плоча со имињата на гемиџиите на која е испишана нивната историска порака „Се арчиме за Македонија“.
Споменик на Панко Брашнар Поставен e во новиот дел на градот на плато во непосредна близина на гарнизонот „Алексо Демниевски – Бауман“. Со пропорционална фигура споменикот го отликува делото на големиот македонски револуционер и прв претседател на Президиумот на АСНОМ, Панко Брашнар. Споменикот поставен во 2004 година, е дело на академскиот скулптор Петар Хаџи Бошков. Изработен од блок од мермер, со постаментот споменикот е висок над 4 метри. Идејата на скулптурата е да покажува повеќе фази од животот и делото на Панко Брашнар.
Споменик на велешките илинденци „Војвода на коњ“, поставен во центарот на градот, помеѓу градскиот саат и споменикот на Кочо Рацин, посветен на велешките војводи, учесници во ослободувањето на Крушево и создавањето на славната Крушевска Република: Јован Наумов – Алабакот, Александар Димов – Докурчев и Тодор Христов – Офицерчето и на сите борци за слобода на Македонија.
Мономенталниот споменик е дело на академскиот склуптор Ангел Коруновски, излиен е во бронза, тежок два тони и заедно со постаментот е вискок 6 метри.
Куќа на Касапови Куќата на Касапови некогаш била куќа со најатрактивна архитектура, изградена кон крајот на 19 век. Куќата на Касапови  е исто така позната и како куќата што лебди. Таа е експонирана на голема карпа со мало дворно пространство и се состоела од приземје и кат коишто биле групирани во форма на Г, со северна и источна ориентација. Ентериерната обработка на просториите била натпросечна, што се должело на материјалната можност на сопственикот. Сите простории биле опремени со вградена покуќнина, раскошно обработени тавани и пластично декорирани врати.
Велешко кале Велешката тврдина (Велешко кале) е тврдина која лежи 2 км јужно од градот Велес, во речниот теснец на устието на Тополка во Вардар. Кале претставува издолжено плато, горе сосем зарамнето и со стрмни падини, високо 50—60 м над реките. Едно помало седло на јужниот дел го одвојува од повисоките планини. Од калето се контролираат два значајни пата што водат во неговото подножје: Вардарската магистрала и стариот пат Велес — Прилеп, што водел долж Тополка.

Каварадци

Спомен Костурница Спомен костурницата симболизира стара македонска куќа која претставува вечен дом на паднатите борци. Во неа се сместени посмртните остатоци на загинатите борци, жртви на фашистичкиот терор во периодот од 1941-1945 година, кои се наоѓале во непосредна близина на Кавадарци. Во нејзината внатрешност на гранитни плочи се испишани нивните имињата. Спомен костурницата е изработена од бетон. Откриена е на 7ми септември 1976 година. Таа е дело на професорот на Архитектонскиот факултет-Скопје, г-дин Петер Муличковски.
Кула Единствен сочуван споменик на културата од средновековниот период во општина Кавадарци, лоциран во централното градско подрачје е Марковата кула.Градена е од камен и малтер, чии sидови достигнуваат дебелина од 1м. По својата форма е четвртаста и достигнува височина од околу 20-тина метри. Таа е на пет ката. Првиот и вториот се без прозорци, а на четвртиот и петиот кат постојат и тоа со железни решетки. На јужниот sид од четвртиот кат поставен е отвор за одбрана, а на петиот, отвор за одвод на нечиста вода. Единствен пристап т.е. врата е на вториот кат, направен со камени скали. Внатречната дрвена граѓа денес е во руина, а оштетен е и покривот на истата.
Кулата имала одбранбена функција како и останатите кули што се градени во тој период.
Спомен куќа на Страшо Пинџур Во селото Ваташа, Кавадарeчко, во куќата на народниот херој Страшо Пинџур, во знак на благодарност и длабоко признание за неговата револуционерна дејност, е отворен меморијален музеј. Музејот се состои од два дела: битов дел — во кој се доловува внатрешниот амбиент на куќата во која живее семејство то Пинџур и документарен дел — изложба за запознавање на посетителите со најважните моменти од животот и револуционерната дејност на Страшо Пинџур.
Споменик на слобода и револуција Се наоѓа во градскиот плоштад во Кавадарци и е дело на познатиот хрватски скулптор Пјетро Палавичини. На висок постамент во бронза се излиени три фигури кои симболизираат мајка со две деца, од кои едното е рането. На постамент во плиток рељеф се изгравирани во гранит 12 човечки глави кои ги симболизираат 12 ваташки младинци. Ова е дело на кавадаречкиот уметник Мино Стојанов. На северната страна од постаментот има изгравирано натпис: „За слободата на народот свој”, од Лазар Мојсов.
Споменикот е свечено откриен на 7 ми септември 1958год. по повод денот на ослободувањето на Кавадарци.
Споменик на Киро Крстев и Димче Мирчев Споменикот на Народните херои Киро Крстев и Димче Мирчев се наоѓа на почетокот од градскиот парк, во близина на салата на ДТВ „Партизан“. Подигнат е во чест на загинатите Народни херои Киро Крстев од Кавадарци и Димче Мирчев од Велес.Споменикот се состои од три елементи. Едниот, во форма на пресечено дрво, го симболизира местото каде се водела борбата, другиот елемент е местото на нивното загинување,а третиот е во форма на латинската буква V, кој е симболизира победата.
Спомен соба на Васил Хаџи Манов Во склоп на ново отворениот музеј во Кавадарци, како дел од проектот,, Гастрономски патишта Кајмакчалан,, добиен од ИПА прекугранична соработка со Грција,, отворена е спомен соба на Васил Хаџи Манов еден од најголемите македонски етномузиколози, мелографи и изведувачи на изворна македонска народна песна.

Свети Николе 

Спомен обележје од НОБ Излетничко место Крушки
Споменик на паднатите борци од Свети Николе во НОБ Градски парк
Спомен плоча поставена по повод 20-годишнина од ослободување то на градот Свети Николе Народен музеј
Споменик костурница од НОБ с.Горобинци
Споменик на загинати борци од НОБ с.Ерџелија
Спомен биста на Гоце Делчев,револуционер од НОБ основно училиште Гоце Делчев
Споменик 40 столбови / обележје на 40 –те цркви кои некогаш постоеле во Свети Николе Плоштад Илинден, центар на градот

Демир Капија 

Храм на Артемида и Диоскури (автопат д.к.) Некропола од класично хеленистичко време
Варници Населба од хеленистичко време
Стојкова нива Тврдина од класичен период
Рамниште – Регугиум Полуутврдена населба од римско време
Пенов Камен Доцно античка некропола

Чашка 

Спомен плоча во с.Папрадиште на Димитрие Чуповски с. Папрадиште Спомен плоча во с.Папрадиште на Димитрие Чуповски (обележува годишнина од неговото раѓање)
Спомен плоча за загинувањето на Илија Андовски с. Нежилово Спомен плоча за загинувањето на Илија Андовски во с.Нежилово поставена на поранешното училиште
Спомен чешма на загинатите во НОВ с. Богомила Спомен плоча во с.Богомила за масакрот извршен во месноста ,,Сеченица,, лоцирана во дворот на селската црква
Спомен обележје и бисти на Мицко Козар и Трајче Петкановски с. Богомила Спомен обележје и бисти на Мицко Козар и Трајче Петкановски лоцирани на железничката станица во с.Богомила
Спомен плоча и биста за Трајче Андреев- Петкановски с. Бистрица Спомен плоча и биста за Трајче Андреев- Петкановски во родната куќа во с.Бистрица
Спомен плоча за реорганизација на партизанскиот одред “Димитар Влахов” с. Мокрени и Габровник Спомен плоча за реорганизација на партизанскиот одред “Димитар Влахов” во близина на селата Мокрени и Габровник
Спомен плоча на Планинарскиот дом во с.Мокрени с. Мокрени Спомен плоча на Планинарскиот дом во с.Мокрени со испишани имиња на загинати борци од времето на НОВ
Спомен плоча за формирање на велешкиот партизански одред “Трајче Петкановски” с. Ораов Дол Спомен плоча за формирање на велешкиот партизански одред “Трајче Петкановски” во месноста “Караџови ниви” -Ораов Дол