English
svn10

Манастир Св. Ѓорѓи Неготино

Манастир Св. Ѓорѓи
Неготино

Во непосредна близина источно од Неготино врз темели на постара црква бил изграден манастирот Св. Ѓорѓи.
На јужниот ѕид до влезот во црквата има вградена камена плоча на која е испишана годината 1860-1866 кога била градена црквата. Во текстот стои дека храмот на светиот великомаченик Ѓорѓи е изграден со помошта на народот од градот Неготино и од Тодор, Тоше и Коце. Мајстор – градител бил Андон Китанов од родот Ангелковци од село Тресонче – Мала Река Дебарско.
Црквата е типична градба од преродбенскиод период, кога се граделе соборни цркви во цела Македонија со големи димензии. Има архитектонски облик на трокорабна црква со три куполи поделени на три травеа, а кон јужната и западната страна со широки тремови.
За изградба на икони главни приложници биле штипкани, а зографи крушевчани кои ги насликале македонските пустиножители Св. Гаврило Лесновски, Св. Отеп Прохор Пчински, Св. Јоаким Осоговски, како и ликовите на сесловенските учители и просветители браќата Кирил и Методиј. Иконата на патронот на црквата Св. Ѓорѓи е део на велешкиот зограф и иконописец Хаџи Константин (Хаџи Косте Крстев).
Зографисувањето на манастирската црква го извршиле браќата зографи: Вангел, Никола и Коста Атанасовски од Крушево.
Во манастирскиот комплекс до неодамна постоеја стари манастирски конаци од 19 век. На нивно место денес има нови градби кои не се автентични.