14907899

Превалец

Овој палеонтолошки локалитет со површина од околу 50 ха се наоѓа на оддалеченост од 4 км југозападно од Велес. Значењето на објектот е во тоа што претставува вистинско наоѓалиште во кое се откриени коски од цицачи (Пикермиска фауна). Наоѓалиштето случајно го открил во 1917 година германскиот истражувач Југман, за време на Првата светска војна. Староста на фауната е одредена како долно плиоценска. Детерминирани се поголем број на родови и видови на фосилни цицачи, и тоа: мај муни, хипариони, жирафи, антилопи, газели, елени, мастодони,носорози,свињи, хиени и друго. Помеѓу останатите видови пронајдени се и: Mesopithecua pentelici, Hipparion graciee, Traqoceras amaltheus и други.