English
Име Локација/Опис

Кавадарци 

Арамиска Пештера Арамиската Пештера се наоѓа од левата долинска страна на реката Каменица, десна притока на Црна Река. Се состои од десцедентен канал и неколку споредни канали. Во крајниот јужен, долен дел на пештерата, егзистира пештерско езеро со должина од 12 метри. и просечна широчина од 2 метри. Измерената длабочина во езерото достигнува до 5 метри. Пештерата е релативно богата со украси (саливи, сталактити и сталагмити). Вкупната должина на Арамиската пештера изнесува 251 метар. Според категоризацијата на пештерите во Македонија, Арамиската Пештера спаѓа во категоријата Значајни пештера
Галишка Пештера Галишката пештера, лоцирана на 7-8 километри источно од Тиквешкото Езеро во пределите на Орле, е стара повеќе од пет милиони години. Како што тврдат француските спеолози, се работи за феноменално откритие што допрва ќе треба да се допрецизира и покрај тоа што испитувањата се вршени со примена на најсовремени методи и техника. Според Никола Минчоров, началник на спеолошката секција при планинарското друштво “Орле” од Кавадарци, тоа е повод од надлежните да побараат средства за изработка на елаборат што треба да го подготват стручни лица од земјава и од светот, а кој ќе се однесува на археолошките, хидролошките и биолошките карактеристики на наведената локација. Истовремено ќе се допрецизираат и наодите на француските спеолози за потеклото и староста на оваа пештера. Утврдено е, исто така, дека во раниот период пештерата била исполнета со пештерско езеро, од кое и денеска постојат видливи траги. Затоа, според Минчоров, Галишката пештера треба да биде прогласена за природна ректост во нашата земја и да се стави под заштита на УНЕСКО.

Чашка 

Камен мост Спомен плоча на болницата на Главниот штаб на НОВ и ПОМ во с. Г.Врановци
Куќа седиште на президиумот на АСНОМ Во село Г. Врановци во куќата во која престојувале највисоките извршно-политички и воени тела на Македонија, од почетокот на септември до почетокот на ноември претворена е во меморијален музеј. Дејноста на Президиумот на АСНОМ за време на престојот во Г.Врановци била доста голема и битна. Пред призидиумот биле поставени низа задачи кои требало да се решаваат во штотуку создадената млада македонска држава. Тука се подготвувани и донесени значајни законодавни акти, како решенија и одлуки од областа на стопанството, социјалната политика, градежништвото, сообраќајот
Куќа на Петре Поп Арсов Petar Pop ArsovПетар Поп Арсов е еден од основачите на македонското револуционерно движење од крајот на 19 век. Тој е еден од основачите на ТМОРО, а воедно е член на потесното раководство на организацијата како член на ЦК на ТМОРО.

Куќа седиште на Главниот Штаб – Печатница Во село Г. Врановци има меморијален музеј каде бил сместен Генералниот штаб на НОВ и ПОМ. Дејствувањето на ГШ е од големо стратешко значење бидејќи било насочено кон извршување на актуелните и сложени политички задачи. Голема е улогата на ГШ бидејќи активностите биле насочени кон јакнење на братството и единството и ефикасното раководење и организирање на политичкиот живот во Македонија.