English
Име Локација/Опис

Велес 

Река Бабуна Бабуна е река во Македонија, десна притока на Вардар. Таа извира под врвот Солунска Глава на планината Јакупица. Има должина од 65 километри. Има живописна клисуреста челенка, делумно клисуресто речно корито, мали водопади во нејзиниот горен тек. Се храни со вода од поголем број на притоки.[1].Протекува помеѓу планинскиот масив Мокра од левата и планината Бабуна од десната страна. Поради извонредната чистина на водата во Бабуна живеат повеќе видови риби како пастрмка, плашица, бојник, како и речни ракови, кои се често ловени во летниот период. Во долниот тек реката минува низ клисурата Пешти, каде што речните вирови се доста посетени од капачи преку летниот период.
Река Тополка TopolkaТополка е река во Македонија, десна притока на реката Вардар. Нејзината должина изнесува 45 километри, а сливното подрачје зафаќа површина од 313 км²[1]. Извира високо на планинскиот масив Мокра Планина во пределот под врвот Солунска Глава и протекува вдолж средишниот дел на Македонија во околината на градот Велес.
ТРеката Тополка извира на падините на планината Јакупица во планинскиот масив Мокра Планина над селото Горно Јаболчиште. Во изворишното подрачје и вдолж горното течение тече во правец запад – исток помеѓу планините Голешница која од север ја одделува од течението на Кадина Река и Јакупица која од југ ја оддделува од сливното подрачје на Бабуна, за потоа да сврти кон југ и југоисток вдолж средното течение кое се протега во котлинскиот дел на Велешко. Непосредно по одминувањето на населбатаЧашка, каде се наоѓа најблиското растојание помеѓу тековите на Тополка и реката Бабуна, од само 850 метри, реката Тополка го напушта зарамнетиот котлински дел и навлегува во стрмна карпеста клисура низ која во правец кон северо-исток[1] тече во целото долно течение се до нејзиниот влив во Вардар, непсоредно крај последните куќи на јужниот крај и излез на градот Велес. До вливот во реката Вардар, вкупната должина на реката Тополка изнесува 45 километри.
Потекло на името Тополка и други имиња за реката
Името на реката Тополка води потекло од името на дрвото топола (лат. Populus), кое расте и е во многу голема мера застапено покрај бреговите и вдолж целото течение на реката. Потеклото на името (топонимот) тополка е од македонскиот јазик со значење од растителниот свет, флората, односно означува река крај која растат и има многу тополи, што соодветствува со течението на Тополка. Во одредени делови вдолж своето течение, особено во горниот тек, реката Тополка е позната и под други имиња. Од изворот до селото Горно Јаболчиште се вика Бегова Река, од Горно Јаболчиште е позната под името Голема Река, а дури со влегувањето во Бабунската Котлина се здобива со името Тополка[1].
Хидро-географски одлики на Тополка[уреди] Реката Тополка е долга 45 километри, зафаќа сливна површина од 313 км² и има релативен пад од 41‰ односно вкупен пад од 1.853 метри[1]. Во горниот тек тече низ длабока кањонска долина изградена во микашисти и гранитоидни гнајсеви дисецирани со тековите на притоките[1]. Во Бабунската Котлина карактеристично е лактестото свртување во Раковечкото Поле од каде Тополка тече кон североисток се до вливањето во Вардар. Во долниот тек падот е намален и тука Тополка, пред да влезе во малата клисура кај утоката, изградила од фин речен нанос пространа алувијална рамнина[1].
Водостопанско искористување и можности на Тополка
Од изворите и водите на реката Тополка, долги години со вода за пиење се снабдува градот Велес. На оваа река е изградена браната Лисиче висока 66 метри, широка околу 2.400 метри и долга 2.000 метри, преку чија акумулација со вода за пиење се снабдува градот Велес. Во селата вдолж средното течение на реката Тополка, како што се Лисиче, Голозинци,Раковец и други, поради поволните услови на теренот е развиено и застапено одгледувањето на ориз во бројни оризишта од двете страни на реката, со што овој дел на Велешко по течението на Тополка е втор по големина производствен регион на ориз во Македонија, после Кочанската Котлина. Во долното течение на реката Тополка во клисурестиот предел во непосредната близина на градот Велес, од населбата Превалец се до вливот во Вардар, во минатото работеле поголем број на воденици во кои се мелело жито, од кои денес постојат и повремено работат само неколку.

Кавадарци 

Тиквешко Езеро Tikvesko ezeroСместено на самото корито на Црна Река, 12 км југозападно од Каварци, односно 3 км јужно од селото Возарци, на надморска височина од 165 метри мирува Тиквешкото Езеро. Има конусна форма, а се претега во правецот север-југ. На север се граничи со вештачки создадената брана во близина на с. Возарци, на исток со атарите на населените места Брушани, Ресава, Бегниште и Куманичево, како и висорамнината Витачево; на запад се граничи со атарите на с. Добротино, Праведник и планината Вишешница, а на југ со Мрежичко и Клиново. Бреговите на Тиквешко Езеро се накитени со природни реткости и со споменици на култура.(Најголемо вештачко езеро во Македонија. Температура на водата од 24 Целзиусови степени го прави Тиквешко Езеро погодна летна дестинација за разни видови спортови или за уживање во капењето. Археолошките локалитети во крајбрежниот појас, културно-историските споменици и важноста на зачувување на генетскиот фонд од орнитофауната, го прават Тиквешко Езеро интересна дестинација за истражување.Езерото е создадено во 1968 година со преградување на кањонот на реката со брана висока 104 м, изградена од нафрлан камен со глинено јадро. Зафајќајќи површина од 14 квадратни километри со различна длабочина од 1 до 105 м, со максимална должина на езерото од 28 км и широчина од 700 м, Тиквешкото Езеро е најголемото вештачко езеро во Македонија. Водата од Тиквешкото Езеро се користи за наводнување и за добивање електрична енергија. Наводнувањето се врши преку хидросистемот „Тиквеш“, а во близина на браната е подигната истоимената хидроцентрала. Преку наводнувањето, езерото овозмои Тиквеш од најсушна област во државата да прерасне во зелена оаза на непрегледни плантажи под лозја и овоштарници. При поројни дождови езерото го зголемува водостојот, што може да доведе до излевање, а не ретко и до поплавување на околните живеалишта. Поголемо количество од водата во текот на летниот период се испушта во реката Вардар, со цел да не дојде до еколошка катастрофа на фауната поради нискиот водостој. Како главен извор на водата за полнење на Тиквешкото Езеро, пак, се Црна Река и реката Драгор. Еден од драгоцените украси на бреговите на езерото со културно-историска вредност е Полошкиот манастир со црквата посветена на свети Ѓорѓи. Езерското крајбрежје е и популарна дестинација за одмор и рекреација и по некое фрлање трска, на кое се изградени голем број викендицчки. Во Тиквешкото Езеро е утврдено присуство на повеќе видови риби, од кои достапни за риболовците се крапот, карашот, црвеноперката, кленот, бојникот, белвицата, мрената, перкијата, кострешот, како и еден вид сом. Иако е застапен само со еден вид од своето семејство, сомот се издвојува по своите карактеристики. Тиквешките сомови може да достигнат должина од над две метра. Оваа област е и природен резерват во кој љубителите на птици може да набљудуваат 23 вида птици-грабливки, што го прави едно од најважните орнитолошки места во Европа.

Рибарски легенци
Сте ја слушнале ли онаа тиквешка рибарска приказна што се пренесува со генерации за огромни рибиво Тиквешко Езеро кои голтале цели чамци заедно со луѓето во нив? Легенда или не, необичните риби на дното на езерото ги имаат забележано во поново време и нуркачки експедиции. Се претпоставува дека сомовите што живеат во Тиквешко Езеро се многу стари и со несвојствена големина, при што се верува дека најголемиот е колку кит. Сомовите се мрзливи суштества што претаат во песокот на дното, а на површина излегуваат само да ја отворат устата чекајќи нешто да влезе, па не е исклучено и да ја имате таа среќа да видите некој од овие водни ѕверови.

Луда Мара Luda MaraЛуда Мара е река што тече низ Кавадарци. Извира од висорамнината Витачево.
Реката има многу низок водостој во текот на летните месеци. На пролет и на есен, или при обилни врнежи брзо надоѓа и за краток временски период, како “луда”, може да поплави голема површина. Градот Кавадарци често бил поплавуван од реката, откаде и го има добиено иметоРеката тече низ Моклишкото Езеро, кое е настанато со одрон на рид на 5 септември, 1956 година, којшто го преградил коритото на реката и го формирал езерото. Одронот закопал 12 луѓе и 1200 овци

Чашка 

Бабуна Vodopad na Babuna Бабуна е река во Македонија, десна притока на Вардар. Таа извира под врвот Солунска Глава на планината Јакупица. Има должина од 65 километри. Има живописна клисуреста челенка, делумно клисуресто речно корито, мали водопади во нејзиниот горен тек.Се храни со вода од поголем број на притоки. Протекува помеѓу планинскиот масив Мокра од левата и планината Бабуна од десната страна. Поради извонредната чистина на водата во Бабуна живеат повеќе видови риби како пастрмка, плашица, бојник, како и речни ракови, кои се често ловени во летниот период. Во долниот тек реката минува низ клисурата Пешти, каде што речните вирови се доста посетени од капачи преку летниот период.
Тополка  Реката Тополка извира на падините на планината Јакупица во планинскиот масив Мокра Планина над селото Горно Јаболчиште. Во изворишното подрачје и вдолж горното течение тече во правец запад – исток помеѓу планините Голешница која од север ја одделува од течението на Кадина Река и Јакупица која од југ ја оддделува од сливното подрачје на Бабуна, за потоа да сврти кон југ и југоисток вдолж средното течение кое се протега во котлинскиот дел на Велешко. Непосредно по одминувањето на населбата Чашка, каде се наоѓа најблиското растојание помеѓу тековите на Тополка и реката Бабуна, од само 850 метри, реката Тополка го напушта зарамнетиот котлински дел и навлегува во стрмна карпеста клисура низ која во правец кон северо-исток[1] тече во целото долно течение се до нејзиниот влив во Вардар, непсоредно крај последните куќи на јужниот крај и излез на градот Велес. До вливот во реката Вардар, вкупната должина на реката Тополка изнесува 45 километри.
Салакови езера Salakovi ezera