English
Име Локација/Опис

 

Кавадарци

Кожуф KozufКожуф (грчки: Τζένα, Ѕена) е планина која се наоѓа на границата помеѓу Македонија и Грција. Највисок врв на Кожуф е врвот Зеленбег висок 2176 метри. На падините на Кожув се наоѓа селото Конопиште коешто беше единствена општина во Македонија чие седиште се наоѓа на планината Кожув. На највисоките делови се развиени изворишните челенки на реките: Дошница, Бошава, Блаштица и др.

Планината Кожуф зафаќа површина од 1000 км квадратни на територијата на две држави (Република Македонија и Република Грција).Во границите на Република Македонија, Кожуф опфаќа територија од 80 проценти а останатите 20 проценти се во територијата на Република Грција. Кругот на територијата на планината Кожуф запичнува од најсеверната точка-вливот на реката Бошавица во реката Вардар кај Демир Капија. Границата оди по течението на реката Вардар а од десната страна е најимпозантниот дел-кањонот на Демиркаписката клисура. Ја преминува државната граница на Република Македонија и во близина на селото Лумница (850 м.н.в) на територија на Република Грција продолжува на запад одвојувајки ја планината Пајак, северните страни на Мегленската долина и доаѓа до седлото Пуљевац (1165 м.н.в) продолжува кон Мрежичко. Тука е границата со Козјак планина. Од Мрежичко преку Мушов гроб (1019 м.н.в) ја зафаќа северната страна на висорамнината Витачево, доаѓа до реката Бошавица.
Кожуф планина има две главни била како продолженија на Ниџе преку Козјак и тоа во два правца, југозапад и североисток.Од Пуљевац (1165 м.н.в) доаѓа до седлото Орлов вис (1627 м.н.в) преку врвот Коњска глава (1836 м.н.в) доаѓа до третиот по височина врв Дудица (2132 м.н.в). Отука главното било продолжува кон седлото Порта (1845 м.н.в) доаѓајки до највисокиот врв на Кожуф – Зелен брег (2171 м.н.в) потоа се спушта до седлтот Марково езеро(2035 м.н.в) за да искачи до Морето или К-92 (2102 м.н.в.) па преку Мала рупа (2004 м.н.в) и преку Сува рупа (1960 м.н.в) дојде до селото Лумница.
Планината Кожуф има 8 (осум) двеилјадни врвови и тоа :

  • Зелен брег (2171)
  • Пиновон (2156) во Република Грција
  • Дудица (2132)
  • Порта (2112)
  • Морето или К-92 (2102)
  • Дзена (2065) во Република Грција
  • Марково езеро (2035)
  • Мала рупа (2004)

Кожуф планина изобилува со огромен воден потенцијал од која извират многубројни реки. За планинарите и љубители на планината реката Дошница е една од најубавите и најчисти реки во Македонија. Од изворот под Зелен берг до вливот во Вардар нема никаков индустриски објект кој ја загадува. Таа е најчистата река во која опстојуват пастрмката, кленот, ракот и други. На Кожуф сеуште опстојува рисот како редок и заштитен вид. За жал од страна на криволовците веќе 2-3 децении го нема еленот а одвреме навреме се појавува мечката која во потрага по помирни места мигрира од планини во Грција и Македонија кон Кожуф. Растителниот свет е богат со најразновидни врсти но секако најатрактивни се лековитите билки и растението (Arbutus andrahne) или во народот познат како „гол човек„ кој и со закон е заштитен. Во далечната 1953 година на иницијатива на Даре Џамбаз и Планинарскиот сојуз на Македонија со група млади ентузијасти беше изграден домот на Висока чука (1100 м.н.в). Долги години беше место на средби на планинари и љубители на планината од целиот балкан. За жал денес тој е руиниран објект во кој не можат да престојуват планинари. Постои можност тој да биде ставен во функција но треба да го управуват луѓе кои ќе можат да го реновират и ќе му го најдат местото во новиот тренд – планинскиот туризам за кој постојат можности и интерес пошироко од Република Македонија.
Денес, на само 210 км од Скопје и 130 км од Солун, на површина од 2.000 хектари, на Кожуф се наоѓа најновиот ски-центар во Македонија, чија изградба започна во ”2001” и денеска имаме можност да уживаме во една од најновите опреми за скијање во Македонија. Центарот е најсовремено опремен и располага со одлични услови за скијање. Моментално располага со два ски-лифта со капацитет на носење по 3.000 скијачи за еден час до врвот на жичарницата, еден шестосед кој единствен од таков тип на Балканот, ресторан, бачило, 16 апартмани и 16 км скијачки патеки. Овој центар е единствен во земјата кој располага со опрема за вештачки снег.

 Свети Николе

планина Богословец BogoslovecБогословец е ниска планина во Македонија, што се наоѓа 10 km западно од Штип. Највисок врв е Св. Јовански Рид (755 m), а малку понизок е Тиски Врв (747 m). Богословец е познат по експлоатацијата на азбест, која е вршена до половината на 20 век. Богословец е гол, без шумска вегетација, со исклучок на осамените дрвенести стебла. Развиена е интензивна ерозија.[1] Во планината има и помали наоѓалишта на глина

Чашка 

Јакупица JakupicaЈакупица или Мокра Планина е планински масив во централна Македонија. Составена е од повеќе планински делови: Караџица, Даутица, Голешница, Китка и Осој. Планинскиот масив е настанат во терциерот, со раседнување. Јадрото е составено од гнајс и од кристалести шкрилци, а над нив се наоѓаат дебели слоеви на мезозојски варовници и доломити. На планината се наоѓаат траги од ледената епоха, претставени преку циркови (две езера), валови и морени. Јакупица е богата со разновидна флора и фауна, пасишта, извори – врела и др. Највисок и најзабележлив врв е Солунска Глава, висок 2.540 метри. Други важни врвови се: Караџица (2.473 м), Попово Брдо (2.380 м), Остар Брег (2.365 м), Убава (2.353 м), Остар Врв (2.275 м) и Даутица (2.178 м).

Релјефот е пресекуван од бројни чисти и брзи планински реки. Големи области се покриени со букови, дабови и игнолисни шуми. Исто така, постојат очигледни траги на исконски глацијација од делувалниот период. Во последно време голем број на институции имаат дадено предлог Јакупица, како и целиот масив Мокра Планина да станат национален парк.
Овој планински масив е лесно достапен од главниот град Скопје или од градот Велес и многуте села во оваа област.
На чисти и јасни денови, од врвот Солунска Глава се верува дека може да се види градот Солун во Грција, па оттука доаѓа и врвот.