English
Konopiste2

Природни земјени столбови – Конопиште

Природни земјени столбови кај селото Конопиште.
На подрачјето наопштина Кавадарци, кај селото Конопишта, се иаоѓа мошне интересен геоморфолошки објект – природна појава на земјени столбови (земјени пирамиди), кои претставуваат исклучително интересни и многу ретки форми на интензивна ерозија на тлото – измивање на земјиштето. Објектот се наоѓа во една суводолица, на десната страна на реката Бошава, на надморска височина од 740 м. Столбовите се со форма на вретено, стеснувајќи се кон врвот. Високи се од 2-10 метри, a широки 0,5-2 метри. На врвот од столбовите се наоѓаат парчиња од вулкански карпи кои служат како заштитна капа. Големината на овој споменик на природата изнесува 0,75 ха. Покрај геомор- фолошкото значење, локалитетот е интересен и од геолошки аспект, бидејќи овозможува да се следат и проучуваат врските помеѓу делувањето на егзогените фактори при оформувањето на столбовите и геолошкиот состав на теренот создаден од вулканогено-седиментни карпи. Co набљудувањето на столбовите и геолошкиот состав се доаѓа до сознание за историско- геолошките процеси карактеристични за овој простор и пошироко, a особено за повеќекратната вулканска активност на планината Кожуф, која имала одраз и врз депонирањето на различно условени пирокластични карпи кои се подложни на ерозија и го условиле создавањето на карпите.