D69DD3625A1BC042AAE976DC4200E73B

РЕЛИГИОЗЕН ТУРИЗАМ ВО ТИКВЕШКО

РЕЛИГИОЗЕН ТУРИЗАМ ВО ТИКВЕШКО
Приказната за 90 годишната старица е како магнет за религиозните туристи чиј број во Тиквешијата расте.
Бабата била жива изгорена завиткана во рогозина во запалениот манастир “Свети великомаченик Георгиј” откако Германците увиделе дека ги ослободила заробените партизани.
Во манастирскиот двор има споменик подигнат во чест на непоколебливата старица а во конаците сеуште стои нејзината соба во која сите посетители сакаат да поминат барем миг. Со години во тиквешкиот регион се пее песната за бабата која ги спасила партизаните со зборовите “бегајте пилци во гората”.

Уште една интересна приказна се раскажува во врска со манастирот. Според неа, во 1860 година во Неготино живеел еден бег со својата ќерка. Една ноќ неговата ќерка сонувала чуден сон. Во сонот правела две бразди со помош на два вола. Едната нагоре, другата надолу. Истовремено, сонувала како прави темели од манастир. Утредента го кажала сонот на татка си, но тој не верувал во тоа. Три ноќи го сонувала истиот сон. Не превземала ништо, оти татко и не верувал во сонот. На четвртиот ден легнала болна. Тогаш татко и донел два силни вола и ја советувал да направи како во сонот. При браздата надолу пронашла плоча на која имало човек со копје во раката како убива змеј. Кога ја направила браздата нагоре наишла на плоча на која бил нацртан лик на жена со дете во рака. Дошле до темелите од стариот храм. Таа ги поставила новите темели на манастирот врз темелите од старата црква а во градбата помогнале и турците кои биле сопственици на местото на кое никнал манастирот. Беговата ќерка оздравела и се омажила за христијанин.
“Свети великомаченик Георгиј” се наоѓа во месноста “Црквиште” кај Неготино, веднаш до реката Вардар. Околу манастирот извираат 26 природни води. Овде верниците доаѓаат да се напијат вода и да измијат очи, верувајќи дека овие води се лековити.

Извор

www.kralemarko.org.mk