English
14907899

Превалец

Овој палеонтолошки локалитет со површина од околу 50 ха се наоѓа на оддалеченост од 4 км југозападно од Велес. Значењето на објектот е во тоа што претставува вистинско наоѓалиште во кое се откриени коски од цицачи (Пикермиска фауна). Наоѓалиштето случајно го открил во 1917 година германскиот истражувач Југман, за време на Првата светска војна. Староста на фауната е одредена како долно плиоценска. Детерминирани се поголем број на родови и видови на фосилни цицачи, и тоа: мај муни, хипариони, жирафи, антилопи, газели, елени, мастодони,носорози,свињи, хиени и друго. Помеѓу останатите видови пронајдени се и: Mesopithecua pentelici, Hipparion graciee, Traqoceras amaltheus и други.

D69DD3625A1BC042AAE976DC4200E73B

с. Бегниште, Кавадарци

с. Бегниште, Кавадарци Бегниште е на дваесетина километри од Кавадарци – пред влезот во градот, а по комбинатот “Фени#, скршнете десно. Патот е асфалтиран, но зиме понесете зимска опрема за автомобилот. Можете и со автобус или минибус до Кавадарци, а оттаму со такси до Бегниште, а уште поголема авантура е со воз до Неготино, а натаму со такси. Бегниште е село во Тиквешијата, лозарски крај. Домашно вино и ракија има во сите куќи, ама затоа мештаните во кафеана пијат – пиво! Наесен е гроздоберот, на кој не сме биле, но затоа според питомоста и шеговитоста на луѓето од овој крај можеме да замислиме колку е весел. Но има еден ден (односно ноќ) во годината кога во Бегниште ќе го доживеете…

MARIOVO-KAJMAKCALAN-Hunting-Fishing-Living-Ilija-Bojarovski-Lovecko-oko

БИТКАТА КАЈ КАЈМАКЧАЛАН

Кајмакчалан е највисокиот врв на планината Ниџе во Република Македонија (2,521 м) и во текот на Првата Светска Војна бил една од клучните позиции на Солунскиот Фронт. Битката на Кајмакчалан останала запаметена во историјата по големиот број на жртви кои ги претрпеле двете завојувани страни, односно бугарските и српските војски кои биле стационирани на овој дел на фронтот, а во кои имало и на двете страни голем број на Македонци, присилно регрутирани во текот на првата светска војна. Дека врвот Кајмакчалан бил значајна стратешка позиција, зборува фактот што Бугарите го нарекле Борисов град (по царот Борис) бидејќи мислеле дека е неосвоив, а додека пак Србите го нарекле Капија на слободата, бидејќи таму за прв пат по окупацијата зачекориле во тогашна…