English
manastir-sv-dimitrija-veles

Манастир Св. Димитриј – Велес

Манастир Св. Димитриј – Велес Јужно од градот Велес и на устието на реката Тополка во Вардар се наоѓа манастирот Св. Димитриј. Иако нема податоци кога била изградена манастирската црква, врз основа на надворешниот изгледа на фасадите се претпоставува дека е изградена во 14 век. Историјата на манастирот е една од најскудните од нашите средновековни споменици на културата. Пишани документи или натписи во самата црква не постојат. Само во еден наптис што се наоѓа над јужната страна гласи: „СејоБителоБновисјаво1855изобрази Х.Костезуграфифотограф“. За историјата на манастирската црква е од значење една уметничка слика што се наоѓа во црквата а на која е напишано: „ПоБожиебд’хновениеДедоПетарЗдравевоткопазатрпаниманастирСв.В.М.Димитрие1855.Почина1867год Подар.механдж.Еснаф.1942-натписасежеланиеигуменаАлексие“. На сликата бил претставен портретот на Петар Здравев. Горните податоци не упатуваат на помисла дека во непознато…

800px-Sveti_gjorgi

Полошки Манастир Св. Георги

Полошки Манастир Св. Георги Единствениот пат до манастирот Св. Георги води со чамец по „Тиквешкото Езеро“. Некогаш манастирот се издигал високо над кањонот над Црна Река, на падините од планината Вишешница. Денес акумулативните води на езерото се оддалечени сто до двесте метри. Историјата на манастирот до скоро беше скудна и претставуваше голем предизвик за учениот свет. Во литературата се правеа претпоставки и погрешни заклучоци за времето на изградбата, за живописувањето и за гробот на Драгушин. Таквите полемики траеја до 1983-85 година кога беа симнати фреските од 1609 година од источниот ѕид на припратата, а на кои беа прикажани сцени од житието на Св. Георги. Тогаш, под тие фрески беа откриени историските портрети на Драгушин и неговата жена Ана со пригоден…

svn10

Манастир Св. Ѓорѓи Неготино

Манастир Св. Ѓорѓи Неготино Во непосредна близина источно од Неготино врз темели на постара црква бил изграден манастирот Св. Ѓорѓи. На јужниот ѕид до влезот во црквата има вградена камена плоча на која е испишана годината 1860-1866 кога била градена црквата. Во текстот стои дека храмот на светиот великомаченик Ѓорѓи е изграден со помошта на народот од градот Неготино и од Тодор, Тоше и Коце. Мајстор – градител бил Андон Китанов од родот Ангелковци од село Тресонче – Мала Река Дебарско. Црквата е типична градба од преродбенскиод период, кога се граделе соборни цркви во цела Македонија со големи димензии. Има архитектонски облик на трокорабна црква со три куполи поделени на три травеа, а кон јужната и западната страна со широки…