English
MARIOVO-KAJMAKCALAN-Hunting-Fishing-Living-Ilija-Bojarovski-Lovecko-oko

БИТКАТА КАЈ КАЈМАКЧАЛАН

Кајмакчалан е највисокиот врв на планината Ниџе во Република Македонија (2,521 м) и во текот на Првата Светска Војна бил една од клучните позиции на Солунскиот Фронт. Битката на Кајмакчалан останала запаметена во историјата по големиот број на жртви кои ги претрпеле двете завојувани страни, односно бугарските и српските војски кои биле стационирани на овој дел на фронтот, а во кои имало и на двете страни голем број на Македонци, присилно регрутирани во текот на првата светска војна. Дека врвот Кајмакчалан бил значајна стратешка позиција, зборува фактот што Бугарите го нарекле Борисов град (по царот Борис) бидејќи мислеле дека е неосвоив, а додека пак Србите го нарекле Капија на слободата, бидејќи таму за прв пат по окупацијата зачекориле во тогашна…

Konopiste2

Природни земјени столбови – Конопиште

Природни земјени столбови кај селото Конопиште. На подрачјето наопштина Кавадарци, кај селото Конопишта, се иаоѓа мошне интересен геоморфолошки објект – природна појава на земјени столбови (земјени пирамиди), кои претставуваат исклучително интересни и многу ретки форми на интензивна ерозија на тлото – измивање на земјиштето. Објектот се наоѓа во една суводолица, на десната страна на реката Бошава, на надморска височина од 740 м. Столбовите се со форма на вретено, стеснувајќи се кон врвот. Високи се од 2-10 метри, a широки 0,5-2 метри. На врвот од столбовите се наоѓаат парчиња од вулкански карпи кои служат како заштитна капа. Големината на овој споменик на природата изнесува 0,75 ха. Покрај геомор- фолошкото значење, локалитетот е интересен и од геолошки аспект, бидејќи овозможува да се…

tikveslake2

Тиквешко езеро – дестинација за рекреација

Сместено на самото корито на Црна Река, 12 км југозападно од Каварци, односно 3 км јужно од селото Возарци, на надморска височина од 165 метри мирува Тиквешкото Езеро. Има конусна форма, а се претега во правецот север-југ. На север се граничи со вештачки создадената брана во близина на с. Возарци, на исток со атарите на населените места Брушани, Ресава, Бегниште и Куманичево, како и висорамнината Витачево; на запад се граничи со атарите на с. Добротино, Праведник и планината Вишешница, а на југ со Мрежичко и Клиново. Бреговите на Тиквешко Езеро се накитени со природни реткости и со споменици на култура. (Најголемо вештачко езеро во Македонија. Температура на водата од 24 Целзиусови степени го прави Тиквешко Езеро погодна летна дестинација за…