English

До Вардарскиот регион може да се стигне користејќи било каков вид на превоз. Инфраструктурно, тој е добро поврзан со соседните региони: Скопски, Пелагониски, Југоисточен и Источен. Со соседните земји, граничи само со Република Грција, но на неговата територија нема гранични премини.
Денес регионот има релативно добро развиена мрежа на патишта кои ги поврзуваат општините, една со друга, но и сите населени места во самите општини.

 

Во било кој период од годината, до вардарскиот регион можете да стигнете со следниве превозни средства:

trainСо воз: низ регионот можете да стигнете со воз преку железничките коридори: Скопје – Гевгелија, Велес – Кочани и Скопје – Битола. Во регионот има 27 железнички станици, од кои секако најважна и најфреквентна е ж.с. во Велес. Железничките линии се редовни и непроменливи во текот на целата година. За подетални информации, проверете ги следниве вен страни: www.mzi.mk и www.mztransportad.com.mk.
busСо автобус: нив Вардарскиот регион циркулираат доста автобуски компании, кои имаат линии кои ги поврзуваат урбаните и руралните средини. Повеќе информации можат да се најдат во делот на Инфо + Забава.
carСо автомобил: патаната инфраструктура во Вардарскиот регион е модерна и одговара на потребите на модерниот човек. Вардарскиот регион, на исток, е поврзан со Штип, а на запад е поврзан со Прилеп. Најважната делница која што поминува низ Вардарскиот регион е автопатот Александар Македонски, кој го поврзува регионот со Скопје и со Гевгелија (и Грција). Патната мрежа низ Вардарскиот регион е комплексна и ги поврзува населените места во регионот. Тоа посебно се однесува и на руралните подрачја, што претставува добра можност за равој на алтернативни форми на туризам.
planeСо авион: туристите кои доаѓаат во Вардарскиот регион со авио превоз, го користат аеродромот Александар Македонски, кој што е оддалеќен околу 50-ина километри од Велес. Но чести се и случаите кога гостите доаѓаат од охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, кој што е оддалечен околу 150 километри од Вардарскиот регион.