English

vpr map 3
Вардарски плански регион го зафаќа централниот дел на Република Македонија и се состои од 9 општини: Велес, Неготино, Кавадарци, Свети Николе, Демир Капија, Чашка, Градско, Росоман и Лозово. Од јужната страна се граничи со Грција, што е од големо значење за поттикнување на прекуграничната соработка. Преку коридорот 10 и магистралниот правец М-5 регионот е поврзан со сите делови од земјата, што го прави фрекфентен во однос на бројот на патници кои поминуваат одовде. Исто така одовде минува и железничка пруга, а во близина се наогаат и двата аеродроми (Александар Велики во Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид)

. Сето ова укажува на развиената сообраќајна мрежа што ја има овој регион, што пак е предуслов за понатамошен економски развој.

Простирајќи се на површина од 4042 км² која претставува 16% од вкупната територија на Р.Македонија, ВПР го покрива средното сливно подрачје на реката Вардар и долните теченија на притоките Брегалница и Црна Река како и дел од Овчеполието.

Климатските услови, релјефот и хидрографијата во регионот пак создаваат одлични услови за одгледување на различни видови земјоделски култури, околу 12% од купната земјоделска површина во Р.Македонија се наога во овој регион. Најразвиено во регионот е одгледувањето на лозје, по што регионот е и препознатлив. По него следат одгледувањето житни култури, односно пченица, јачмен и пченка. Низ регионот минува реката Вардар која има најголем воден капацитет во државата, и ги обезбедува производителите на земјоделски производи со вода за наводнување. Големте карпени површини во Демиркаписко можат да бидат доста привлечни за “алпинистите“.

Населеноста во Вардарскиот плански регион е релативно мала, со просечна густина од 38 жители/м². Учеството на градското население е многу поголемо за разлика од луѓето кои живеат во село, и покрај тоа што 4 од општините се рурални. Местоположбата на Вардарскиот плански регион, бројните културни споменици и локалитети создаваат поволна клима за развој на повеќе видови туризми, особено на транзитниот и алтернативниот туризам.

Едни од најзначајните патишта кои што ја поврзуваат Македонија со останатите земји минуваат токму од овде. Коридорот 10 и магистралниот правец М-5 го поврзуваат регионот со сите делови од земјата, а и земјата со регионот (соседните земји). Коридорот 10 ја поврзува Македонија на север со Европа, а на југ со Солун и Солунското пристаниште. Истиот поминува низ Вардарскиот регион и всушност е реализиран преку автопатот Е-75 и железничката пруга.